i sve o aforizmu

 

Sadržaj

 
Zašto aforizmi?
Biblioteka
Ekskluzivno
Prevodi
U poseti kod...
Sećanje na...
Vaša strana
Počasni gost
Novo
 

 

 

 Prevodi

 

Нашите пријатели - Афористичари од Србија


Александар Баљак
Не беше тоа братоубиствена војна.
Тогаш се уште не бевме браќа.

Милан Бештиќ

Паметните добиваат куршум во чело.
Така почна одливот на мозоци.

Радивоје Бојичиќ

Не ни треба компас затоа што нам Запад
ни е на сите четири страни.

Јасмина Буква

Криминалот е така рганизиран,
час е невладина час владина организација.

Милован Витезовиќ
Човекот без слух гине за погрешно интонирана химна!

Милован Вржина
Имавме големи воени штети,
ама ни мирно временските не се за потценување!

Ранко Гузина
Крадете додека сте млади.
Ќе ве праша староста каде ви беше младоста.

Радивоје Дангубиќ
Ми го проширија хоризонтот.
Направија пустина околу мене.

Весна Денчиќ
Југославија немаше цена.
Затоа е продадена во делови.

Живојин Денчиќ
Мртвите би пристанале да ги идентификуваат
под услов да останат анонимни.

Зоран Додеровиќ
Атентаторот побегна од местото на злосторството.
Не можеше да го поднесе теретот на славата.

Горан Докна
Крвавите раце најлесно се чистат со патриотизам.

Раде Ѓерговиќ
Ако се српски земји онаму каде што се српските гробови,
тогаш цел свет е наш.

Анѓелко Ердељанин
Нашите криминалци се многу подобри политички соборци од вашите.

Растко Закиќ
Направивме погрешен чекор
за да го збуниме противникот.

Радомир (Раде) Јовановиќ
Не стигнуваме да ги закопаме мртвите.
Предност имаат живите.

Владимир Јовичевиќ – Јов
Не е тој камен! – му рекоа на Сизиф на врвот.

Милорад Калезиќ
Волците завиваат во шума,
затоа што во градовите никој не би ги слушнал.

Павле Ковачевиќ
На вештите џелати жртвите им умираат со природна смрт.

Ива Мажураниќ
Ги ослободивме, ама немој да им кажеш.
Се лутат.

Илија Марковиќ
Славата удира во глава.
Знае каде е најмал отпорот.

Саво Мартиновиќ
Секој го продава она што не му треба.
Ние продаваме памет.

Александар Матијашевиќ
Моите дела се безначајни.
Ликот ми го нема на ниту една потерница.

Зоран Матиќ – Мазос
Го донесовме на власт.
Не знаевме што да правиме со него.

Даница Машиќ
Војниците ги убиваат на стража.
На фронтот може да им се изгуби трага.

Владица Миленковиќ – Влајче
Не е чудно што се случуваат убиства.
Чудно ќе беше да не се случуваат.

Дејан Милојевиќ
Јас како сатиричар можам да серам колку што сакам,
а власта, ако е демократска нека го голтне тоа.

Драгутин Миниќ – Карло
На новата униформа на даночните инспектори,
задолжително да се додаде и чорап со отвори за очите.

Митар Митровиќ
Денес горилите ги чуваат политичарите.
Крвта не е вода.

Момчило Михајловиќ
Можеме да ја храниме половина Европа, ама не сакаме.
Нека поцркаат од глад.

Нинус Несторовиќ
Во нашата држава сè едно е каде се наоѓаш.
Секогаш си на местото на несреќата.

Александар Новаковиќ
Не го сузбиваме криминалот.
Не сакаме внатрешни конфликти.

Драган Огњановиќ
Косово е Србија. Кој не верува нека оди да се увери.

Ѓорѓе Оташевиќ
Неколку пати се обидов да побегнам од лудница,
ама секој пат ме фаќаат граничарите.

Миленко Пајовиќ
Нема повеќе потреба да измислуваме непријатели.
Сега мораме да измислуваме пријатели!

Раша Папеш
Живи не закопуваат!
Многу витален народ сме.

Душко М. Петровиќ
Доаѓаат политички поткованите.
Го слушам тропотот.

Зоран Т. Поповиќ
Дојде до природна смена на генерации.
Младиот мафијаш го уби постариот.

Душан Пуача
Со мојот исказ го доведов судот во заблуда.
Го признав злосторството.

Миливоје Радовановиќ
Ништо не работам.
Се оддадов на патриотизам.

Милан Р. Симиќ
Братоубиството ни е во крв,
инаку сме мирољубиви.

Слободан Симиќ
Припадниците на државната безбедност
не се разликуваат од обичните граѓани.
Носат фармерки, јакни, ножови, пиштоли...

Мирослав Средановиќ
Добивме државно знаме.
Ќе можеме да го ставиме на пола копје.

Ивана Сречковиќ
Ѓаволот не ја однесе шегата.
Тој однесе си што вреди по Србија.

Витомир Теофиловиќ
Не можеме да објасниме зошто сме најдобри.
Едноставно така е.

Милан Тодоров
Не може земјата туку така да пропаѓа.
За тоа постои систем.

Мича М. Тумариќ
Не сум роден како губитник.
Државата ме направи.

Брана Црнчевиќ
Лавот се повлече, сега човекот е цар на сите животни.

Александар Чотриќ
Ние никогаш не се предаваме без борба.
Прво војуваме, па потоа се предаваме.

Драган Шушиќ
Се израдува што дојдоа неговите пет минути.
Ама не му кажаа дека му се последни.


Превод: Васил Толевски


Nazad

 

 

Napomena: Svi prezentovani radovi vlasništvo su ovog sajta, i mogu se koristiti samo u privatne svrhe. Svako javno publikovanje bez navođenja izvora informacija, i imena autora preuzetog priloga, podleže zakonu o kršenju autorskih prava.


 



Optimizovano za IE 800x600

Vesna Dencic