i sve o aforizmu

 

Sadržaj

 
Zašto aforizmi?
Biblioteka
Ekskluzivno
Prevodi
U poseti kod...
Sećanje na...
Vaša strana
Počasni gost
Novo
 

 

 

 Prevodi

 

Нашите пријатели - Афористичари од Црна Гора


Веселин Брновиќ
Нема шанса да станем славен.
Книгите повеке не се запалуват.

Неѓељко-Неџо Варагиќ
Проблемите ќе ги решаваме во ход.
Штом застанеме на нозе.

Владислав Влаховиќ
Кога тргнав да бегам, не ни сонував
дека ќе станам водач на патот.

Радоје-Маџо Головиќ
Поглавицата е легално избран.
Ја имаше потребната количина на скалпови.

Драган Дринчиќ
На демократијата и даваме херојски отпор.

Душан Ѓуришиќ
Јас и таа извонредно се сложуваме.
И двајцата го сакаме Мене.

Јован Ераковиќ
Некогаш се ораше, сееше и жнееше,
а денес само се меле.

Драган Копривица
Се продава половен Тројански коњ.
Погоден за огрев.

Вишња Косовиќ

Срамот е како утро. Се облива со црвенило
додека ја најавува светлоста на душата.

Милан-Дуго Кривокапиќ
Ја сакам ова земја.
Таа мене и сите моји ги задолжи до гроб.

Илија Лакушиќ
Јак е како бик.
И ништо помалку паметен.

Дејан Миличиќ
Децата ни имаат лош апетит,
па се решивме за трето.

Мијо Мирановиќ-Гроф
Адам се ожени од љубов.
Ја зема Ева гола и боса.

Владимир Миќковиќ

Видов секс бомба!
Да даде господ да ми пукне во куќа.

Рако Никчевиќ
Убијците се делат на ниски и на историски!

Ратко М. Павиќевиќ
Во ред е поединците да се богатат.
Немаме за сите.

Вељко Рајковиќ
Законот е на страната на послабите.
Посилните го отфрлија.

Зоран Раониќ
Власта живее од народната мака.
Нашата власт живее навистина добро.

Радомир Рацковиќ
Само кога прави будала од себеси
постигнува врвни резултати.

Дејан Тофчевиќ
Данте, Данте, кој би рекол дека од тебе ќе
биде Нострадамус!

Влајко Ќулафиќ
За да бидете некој во коалиција
морате со себе да бидете во колизија.

Владан Чизмовиќ-Чики
Јас и моја та умрена баба сме два света.

Никола Шарановиќ

Ако смо во нешто први
заслужни се другите.

Превод: Васил Толевски


Nazad

 

 

Napomena: Svi prezentovani radovi vlasništvo su ovog sajta, i mogu se koristiti samo u privatne svrhe. Svako javno publikovanje bez navođenja izvora informacija, i imena autora preuzetog priloga, podleže zakonu o kršenju autorskih prava.


 



Optimizovano za IE 800x600

Vesna Dencic